Мени
Post Image

Нашите Провизии и Услуги

Провизија за Купувачи:

Провизијата за купувачите изнесува 1% од купопродажната цена.

За нашите клиенти, ова не значи само процент, туку целосна поддршка низ целиот процес на купување. Од моментот кога се одлучувате да го купите имотот, па се до последниот потпис, нашиот правен тим започнува брзо и ефикасно со подготвувањето на цела потребна документација, што значи дека целиот процес ќе оди без пречки. Без разлика дали сте купувач за прв или петти пат, ние ве водиме низ целата процедура. Сè што треба да направите е да бидете присутни за потписите, а сè друго го завршуваме ние или нашиот правен тим.

Плаќање на Комисијата:

Комисијата треба да биде исплатена најкасно до склучување на главен договор или влегување во имотот, што ќе настапи прво.


Провизија за Продавачи:

Провизија за продавачите изнесува 2% од купопродажната цена.

Но, ова не се само проценти – ова вклучува и комплетна поддршка за сите аспекти на продажбата на имотот. Без разлика дали продавате имотот за првпат или сте искусен продавач, нашите услуги обезбедуваат безбедност и професионализам во секој чекор.

Нашите услуги за продавачите вклучуваат:

  • Бесплатна проценка на имотот

  • Професионални фотографии на имотот

  • Видео монтажи и маркетинг материјали за рекламирање на социјални мрежи

  • Огласување на нашиот вебсајт

Покрај маркетингот, нудиме и правна поддршка во целокупниот процес на продажба, што значи дека сите документи ќе бидат обработени од нашите професионални правници.

Опција за Ексклузивност:

Ако продавачот се одлучи за ексклузивно огласувње со нас, провизијата за продажбата ќе изнесува само 1.5% од купопродажната цена.

Во рамките на оваа опција, продавецот добива посебно креирана маркетиншка кампања со поголем буџет за рекламирање, каде нашата главна цел ќе биде конкретниот имот. Во зависност од договореното времетраење (1, 2 или 3 месеци), ако имотот се продаде во тој период, провизијата ќе изнесува 1.5%. Ако имотот не се продаде во тој период, се применува редовната провизија од 2%. Го задржуваме на правото да одбиваме да прифатиме ексклузивни договори за имоти кои не ги сметаме за соодветни.

Сите маркетиншки материјали што ги создававме за вашиот имот се наша интелектуална сопственост и не можат да се користат од никој друг без наша дозвола, согласно со законите за авторски права. Тоа значи дека само ние имаме право да ги користиме тие материјали за промоција на вашиот имот.


Плаќање на Комисијата:

Комисијата треба да биде исплатена најкасно до склучување на главен договор или влегување во имотот, што ќе настапи прво.