Мени

Канцелариски Простор | 300м²

Центар, Macedonia

3,250 € /месец

Статус

За изнајмување

Тип

Комерцијален простор

Референца

PRO65

прегледи

46

Бруто површина

300 m2

Бруто површина 300 m2

Бања 2

Опис

Се издава канцелариски простор во срцето на градот, на само неколку минути од Соборниот храм.

Просторот опфаќа 300м² и се наоѓа на 1-ви кат, со директен пристап преку лифт (пристапен со код) или по скали.

Лифтот е директно поврзан со подземен паркинг, каде што има простор за 3 до 4 автомобили. Канцеларискиот простор е целосно опремен и поделен на повеќе функционални зони, вклучувајќи канцеларии, архиви, конференциски простории, тоалети и кујна. Вклучува и директорска канцеларија со централно климатизирање, канцеларија за секретар/ка, повеќе канцеларии со различни димензии, како и архивски простории.

Локацијата е извонредно погодна, во непосредна близина на сите клучни градски услуги и објекти. Лесно достапна е со јавен превоз, а во околината има зонски паркинг што ја олеснува посетата на клиенти. Во близина се наоѓаат бројни кафулиња, ресторани и продавници.

Просторот е приклучен на централно градско парно греење, кое во моментов е исклучено, но постои опција за повторно приклучување.

Ова е идеален простор за компании кои бараат професионално и удобно опкружување во самиот центар на градот.

Карактеристики и погодности: