Карпош, Macedonia
1868€/ m2
Gross Area 129 m2
Bedrooms 3
Bathroom 3
Living room 1
🏡 Се продава ексклузивен, светол апартман во Момин Поток
На продажба е прекрасен и простран апартман, сместен на мирна и тивка локација во населбата Момин Поток, веднаш покрај кејот на Вардар.
Комплексот се одликува со модерен архитектонски дизајн и фантастична позиција – доволно блиску до центарот на градот, но сепак изолиран од градскиот метеж.
Локацијата овозможува непречен поглед кон Вардар, Градскиот парк и Водно, создавајќи совршен баланс помеѓу урбаното и природното.
📐 Објект и карактеристики:
Објектот е изведен по концепт П+2+ПК, со само две станбени единици по кат, што гарантира приватност и мирно живеење.
Година на градба: 2016/2017
Греењето и ладењето се решени преку индивидуални топлински пумпи/конвектори за максимална енергетска ефикасност.
🏠 Апартман:
Апартманот е со површина од 129м² и се наоѓа на прв кат.
Се состои од:
Пространа дневна соба
Три спални соби
Две бањи
Гостински тоалет
Две тераси со вкупна површина од 12м²
Првата тераса е функционално поврзана со мастер-спалната и дневната соба и има јужна ориентација, додека втората, поврзана со останатите две спални, е со северна ориентација.
✨ Квалитет и удобност:
Зградата е изведена со висококвалитетни и ексклузивни материјали, со одлично соседство и ограден двор од 900м², кој е наменет исклучиво за жителите и редовно се одржува од професионален градинар.
🚗 Дополнително:
Постои можност за гаражно место на ниво -1, со доплата.
📍 Совршен дом за оние што бараат мир, приватност и квалитет во еден од најубавите делови на Скопје.