Мени

Водно | Ексклузивна Резиденција за Издавање – 300м²

Водно, Macedonia

8,000 € /месец

Статус

За изнајмување

Тип

Куќа / Вила

Референца

PRO148

прегледи

80

Внатрешна површина

300 m2

Површина на парцела

2400 m2

Паркинг

Опис

🏛️ ВОДНО | ЕКСКЛУЗИВНА РЕЗИДЕНЦИЈА – 300м² 🏛️

👉🏼 Цена: €8,000 / Месечно | Двор 2.400м² · Базен · Престижна Локација 👈🏼

Се издава ексклузивна резиденција на една од најпрестижните и најбараните локации на Водно, веднаш до Претседателската Вила. Станува збор за типска куќа со историска вредност, поставена на раскошна парцела од 2.400м², која нуди исклучителна приватност, безбедност и репрезентативност.

Со вкупна станбена површина од 300м² распоредена на две нивоа, голема уредена градина и приватен базен, имотот претставува ретка можност за амбасада, дипломатска резиденција или друга репрезентативна намена.

Куќата моментално се користи како резиденција на ЕУ и ќе биде достапна од јули 2026 година.

🔑 РАСПОРЕД:

🏠 Приземје / Сутерен – 130м²:

• Дневен Простор Со Директен Пристап До Градината 🛋️
• 1 Спална Соба 🛏️
• Големо Купатило 🛁
• Индустриска Кујна 👨‍🍳
• Посебна Просторија За Перење И Сушење
• Пространа Остава 📦
• Дополнителен Простор Со Можност За Теретана Или Друга Намена

🏛️ Прв Кат – 170м²:

• Импресивна Дневна Соба Со Висок Плафон
• Директен Излез Кон Главната Тераса 🌿
• Отворена Трпезарија 🍽️
• Посебна Кујна
• Излез Кон Помала Тераса И Базенот 🏊
• 4 Спални Соби 🛏️
• 2 Купатила 🛁
• Гостински Тоалет 🚻
• Внатрешно Скалиште Кон Долниот Кат

🌳 ДВОР И НАДВОРЕШЕН ПРОСТОР:

• Вкупна Парцела: 2.400м²
• Уредена Градина: околу 2.000м² 🌳
• Современ Систем За Наводнување
• Приватен Базен 🏊‍♂️
• Простор За Седење И Одмор
• Летниковец
• Покриен Паркинг 🚗
• Надворешно Осветлување
• Голема Автомобилска Патека Со Пристап Од 2 Улици
• 2 Автоматски Капии
• Пешачка Патека Рачно Изработена Од Кршен Прилепски Мермер
• Тераси Поплочени Со Редок Македонски Мермер
• Стаклени Настрешници
• Предвидена Зона За Агрегат За Струја
• Простор За Јарбол И Бавча

⚙️ ДОПОЛНИТЕЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ:

• Електрично Греење Преку Котел
• Можност За Поврзување На Градско Парно БЕГ / ЕСМ
• Видеофонија
• Инсталација За Систем За Видео Надзор 📹
• Инсталација За Соларни Панели ☀️
• Подготвен Бетонски Фундамент За Куќарка За Обезбедување Со Довод На Струја
• Високо Ниво На Приватност И Безбедност 🔐

📍 Локација:

Водно – непосредно до Претседателската Вила, во еден од најексклузивните и најрепрезентативните делови на Скопје.

💶 Месечна кирија: €8,000

*За користење на имотот за деловни потреби, на наведената цена се додава 18% ДДВ.

📅 Достапна од јули 2026 година.

Ретка можност за амбасада, дипломатска резиденција или клиент кој бара исклучителна приватност, голем простор и престижна адреса во Скопје.

Карактеристики и погодности:
Климатизација Паркинг